Како да го користите и по укинувањето?

По пет години од осамостојувањето на апликацијата „Месинџер“, таа се враќа во рамките на апликацијата „Фејсбук“. До „Месинџер“ ќе се пристапува преку познатото копче, но нема да се отвора посебна апликација, туку корисниците ќе се допишуваат во самата апликација „Фејсбук“ на „Андроид“ и iOS системите.

Промената веќе се тестира на профилите на некои корисници низ светот, кои се и извор на овие вести. Не е познато кога оваа промена, односно вградувањето на „Месинџер“ во „Фејсбук“ ќе важи за сите корисници, но тоа е нешто што е извесно.

Се претпоставува дека корисниците што ќе сакаат да го користат автономниот „Месинџер“ ќе можат да го прават тоа, но не се знае до кога, односно дали самостојната апликација некогаш ќе биде отстранета.

Еве како да го деактивирате вашиот Фејсбук профил, а да не ги изгубите вашите фотографии, пораки и пријатели

Постојат бројни начини за како да паузирате од Фејсбук, но пред да направите нешто поради што ќе зажалите, одлучивме да ве потсетиме дека постои начин да го деактивирате Фејсбук профил, а притоа да не се избришат сите спомени.

Со просто деактивирање на Фејсбук профилот нема да ги изгубите фотографиите, пораките, пријателите и другите виртуелни спомени.

Кога ќе го деактивирате својот профил, во него ќе биде скриено сè од јавноста во посебни архиви каде ќе се очекува вашето враќање.

Сепак, некои работи како што се приватни пораки и содржина која сте ја поседувале на профилот на другите луѓе ќе биде и понатаму видлива.

Всушност, лицата кои ќе го деактивираат профилот и понатаму ќе можат да комуницираат преку Messenger апликацијата.

Еве како да го деактивирате вашиот Фејсбук профил:

1. Пронајдете и кликнете на обратниот триаголник во гордниот десен агол на било која Фејсбук страница.

2. Изберете ја опцијата Settings.

3. На General стиснете на опцијата Manage Account.

4. Ќе забележите неколку опции, но веднаш можете да кликнете на Deactivate your account.

5. Кога еднаш ќе го деактивирате вашиот профил, Фејсбук ќе побара да ја внесете својата шифра. Кога ќе го направите тоа, ќе добиете прашање да оставите причина поради која го оставате Фејсбук профилот.

6. Ако сакате повторно да го активирате својот профил, едноставно логирајте се на Фејсбук, после што ќе ви биде испратен верификациски код за да се потврди дека тоа сте вие. Поради тоа внимавајте мејлот и бројот на телефонот да ви бидат активни пред да го активирате профилот.

Коментари

Популарно