Видео: Пожарот „бесенее“ во катедралата Нотр Дам

Според првичните информации најверојатна можност за пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз е оган предизвикан од заварување бидејќи во еден дел на катедралата работници извршувале заварување при реставрација на еден дел од катедралата, објавија доцна вечерва француските медиуми, а темелна истрага нема да има скоро бидејќи ќе мора да се чека на целосно запирање на пожарот.

Француските пожарникари велат дека „не се сигурни“ дали пожарот во Нотр Дам може да биде запрен, пренесе Франс прес.

Француските пожарникари изразија сомнеж дека може да се запре катастрофалниот пожар во катедралата Нотр Дам и не исклучуваат дека легендарното обележје и понатаму ќе се урива.

„Не сме сигурни дека можеме да спречиме оганот да се прошири во северната камбанарија - а можете да ја замислите штетата ако таа се урне“, изјави за новинарите портпарол на пожарникарската служба.

Катедралата Нотр Дам во Париз била завршена во средината на 12 век, била вандализирана за време на Француската револуција во 1700-тите, има главна улога во делото на Виктор Иго „Ѕвонарот на Богородичината црква во Париз и го преживеа уништувањето во двете светски војни во 20 век.

Коментари

Популарно