Видео: На Дарко Лазиќ „не му доаѓа памет“

Пеачот Дарко Лазиќ  се пофали со нов луксузен автомобил, во кој го вози  вереницата Марина Гагиќ ( која е бремена).

На видеото Дарко ја снима Марина додека вози, иако во текот на возењето се слуша музика во позадина се слуша и „глас“ кој опоменува дека патниците не ги користат безбедносните појаси, а на видеото и се гледа дека Марина дефинитивно не е врзана.

Според законот и трудниците, како и останатите мора да го врзуваат појасот во возилото, тие се повеќе подложни на повреди заради состојбата.

Да потсетиме дека Дарко Лазиќ во октоммври минатата година имаше страшна собраќајна несреќа, кога се преврте со својот автомобил и „излета“ бидејќи не користел сигурносен појас.

Коментари

Популарно