ФОТО: Откри која желба ѝ се исполнила

Фолк-пејачката Џесика Палашоска одмора во Тајланд. Таа постојно споделува фотографии од одморот таму, од плажите и хотелите каде што ужива, а се пофали и дека ѝ се исполнила една од најголемите желби во животот – да плива со слонови.

„На среќата ѝ нема крај, ми се оствари желбата да се бањам заедно со слончина. Кога сте во Пукет ова е дефинитивно моја препорака за must do. Искуството не можам да ви го oпишам, едноставно ме остави без зборови. Колку се само прекрасни и мили“, напиша пејачката.

Погледнете ги фотографиите од нејзиниот одмор, кои ги објави на Инстаграм: 

Коментари

Популарно