Сега му помага на нејзиниот 25 години постар сопруг

Американската актерка и поранешна манекенка Џери Хол (62) се омажи во март 2016 година со австралискиот медиумски модул Руперт Мардок (87), а  сопружниците и по две и пол години брак, уживаат во љубовта како првиот ден.

За време на празниците, тие беа фотографирани на плажа во Барбадос, каде што уживаат во капење и сончање.

Џери Хол му помагаше на  25 години постариот Руперт да излезе од вода, и потоа со книга во раце да се одмори под “дебела сенка”.

Инаку, Хол беше 22 години во брак со Мик Џегер (75), со кого има четири деца, а била и во врска со Брајан Фери.

Мардок три пати бил оженет пред Џери и има шест деца.

Коментари

Популарно