ФОТО: Џејсон Момоа се избричи

Џејсон Момоа ги вознемири обожавателките. Неодамна на својот Инстаграм профил објави видео во кое ја бричи брадата по која стана препознатлив.

Нас ни е дури и поубав без брада, но со тоа не се согласуваат армија негови обожаватели. 

Тие многу бурно ја примија ваквата промена, па можат да се сретнат разни коментари од тие дека „Изгледа чудно“, или „Воопшто не е убав како порано“, до оние „Моето срце се скрши“, „Не знам како да го прифатам ова“.

Но, зад целата оваа приказна, се крие друга порака.

„Сакав да го направам ова, со цел да ја поттикнам свесна дека пластиката ја уништува нашата планета и мислам дека имам решение. Постои само една работа што навистина може да ѝ помогне на оваа планета и да ја спаси, сè додека се рециклираме, а тоа е алуминиумот. Тој стопроцентно се рециклира“, вели Момоа во видеото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies) on

И додава дека со бричењето на брадата сака да каже дека е време за промени:

„Промени на подобро... за моите деца, за вашите деца, за светот. Ајде да направиме позитивна промена за здравјето на нашата планета“.

 Оваа негова порака наиде на одобрување кај голем број луѓе, кои сметаат дека оваа порака и гест  е одличен начин за да се покаже љубовта и почитта кон планетата.

Коментари

Популарно