Попоски: Следната недела СИЛНОТО југозападно струење ќе услови сахарска прашина и мачнини

Како што најавивме во текот на следната недела нашата територија но и поголем дел од Европскиот Континент ќе бидат под влијание на силно југозападно воздушно струење кое од Сахара кон европа ќе услови транспорт на прашина и на песок, транспортот ќе се врши и во нашиот дел од европа. Сепак и покрај ова атмосферата нема да биде во целост стабилна па ќе има услови и за локално дестабилизирање и врнежи и тоа особено во текот на ноќта понеделник кон вторник но и во вторник.

Услови за локален, слаб и краткотраен дожд ќе има и за време на овој викенд но ќе има и сончеви периоди.

Од средината на наредната недела ќе има и позначителен пораст на температурите на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат и над 20 степени а во најтоплите предели од државава и над 25 степени. Сето ова секако ќе биде и проследено со ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено ќе биде засилен по интензитет.

Ваквата временска состојба ќе услови значително неповолни биометеоролошки услови па така кај поголем број граѓани можни се мачнини и појава на здравствени проблеми, особено кај метеопатите.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно