Грубо кршење на изборниот молк: Младите од Штип делат ваучери за бесплатен пијалок со партиски симболи

Првото кршење на изборниот молк кој настапи на полноќ меѓу петок и сабота (19-20 април) мониторингот на ЦИВИЛ го бележи во Штип. Подмладокот на една политичка партија што поддржува еден од кандидатите за претседател на Република Македонија, организира забавен настан во градот, со почеток во 21 часот. Присутните активисти на партијата, по полноќ, во изборен молк, скандираат со името на партијата, а на присутните гости им се делат ваучери за бесплатен пијалок со симболи на партијата што се доведуваат во врска со самата кампања.

Според ЦИВИЛ, ова е грубо кршење на изборниот молк, за што постојат фотографии и видео снимки кои ќе им бидат дадени на увид на институциите, доколку искажат намера да постапуваат по овој случај.

Комплетните податоци, снимките и фотографиите ќе ѝ бидат достапни и на јавноста по крајот на изборниот молк, односно по затворањето на избирачките места в недела, 21 април, 19 часот.

Коментари

Популарно