Ја сретнала во центарот на Скопје и и земала 700 евра за да и ја тргне магијата!

Бугарската државјанка С.Н.Б.(56), со живеалиште во Скопје, била уапсена поради постоење основано сомнение дека, доведувајќи ја во заблуда, на жена од Скопје ѝ земала 700 евра и две златни лири. 

С.Н.Б. случајно ја сретнала оштетената во центарот на Скопје и, според пријавеното, во разговор ѝ кажала дека забележала дека има проблеми, дека ѝ е направена црна магија и дека таа може да ѝ помогне да ја истера магијата. Тие имале средби во центарот на Скопје, при што во три наврати С.Н.Б. одзела вкупно 700 евра и две златни лири од оштетената. 

При лишувањето од слобода, кај С.Н.Б. биле пронајдени златните пари и девизите и ѝ биле вратени на оштетената. За случајот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање против С.Н.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Коментари

Популарно