ВИДЕО: Со 100 км на час удри во него!

Рускиот MMA борец Бајли Курбанмедов починал на лице место откако едно 19-годишно момче дирктно удрил во неговиот автомобил на раскрсница.

Според медиумите во Русија, младиот човек е внук на поранешниот потпретседател на Лада, Егор Лјаченков. Несреќата се случила на 13-ти април во Москва. Лјаченков го возел својот Meрцедес во пијана состојба со брзина од над 100 км/ч и на раскрсницата не застанува и удира во Курбанмедов.

Лјаченков бил пијан и не ја носел возачката дозвола. Лјаченков побегнал, а со него  имали и девојка која ја скршила раката и ја остави на местото на несреќата. Малку подоцна Лјаченков е притворен од страна на полицијата.

Тој одбил да се подложи на медицински преглед.

Коментари

Популарно