ФОТО: Турските актери Фахрие Евџен и Бурак Озчивит со новородениот син

Фахрие Евџен и Бурак Озчивит пред само неколку дена станаа родители, а славниот турски пар денес си замина дома со првото дете.

Локалните медиуми ја пречекаа двојката пред приватната болница во која Фахрие се породи.

32-годишната актерка накратко им одговори на новинарите дека сè поминало прекрасно и дека нејзиниот сакан бил покрај неа за време на породувањето.

Новороденото момче го доби името Каран, а на фотографиите се гледа дека Фахрие веќе носи накит со неговото име.

Ова е прво дете на Фахрие и Бурак кои се верија во март 2017 година, а стапија во брак во јуни истата година.

Коментари

Популарно