Спремете се за многу мачнини, спарина и сахарска прашина

Во текот на следната недела земјава ќе биде под влијание на силно југозападно воздушно струење, кое ќе услови значително лоши биометеоролошки услови. Особено врз метеопатите временските услови ќе условат значителни здравствени проблеми, односно ќе се зголемат условите за појава на главоболки, болки во коските, повремена нервоза, несоница како и тежина во главата и снагата.

Силното југозападно воздушно струење од Сахара кон европскиот континент ќе донесе прашина и песок. Што се однесува, пак, до времето особено во текот на ноќта понеделник кон вторник, како и во вторник во текот на денот, ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради веќе споменатото струење од среда па натаму, се очекува значителен пораст на температурите, кои речиси насекаде ќе се искачат над 20 степени. Во најтоплите предели од државава ќе се искачат и на повеќе од 25 степени.

Секако ова ќе биде проследено и со ветер кој ќе дува од југоисточен правец, повремено засилен.

Коментари

Популарно