Огромно количество на сахарска прашина, топлина и спарина се движи кон Македонија

Уше од самиот почеток на следната недела нашата држава ќе подпадне под влијание на СИЛНО југозападно воздушно струење па така особено од среда кон нашата држава од Сахара ќе започне транспорт на огромн о количество на прашина и на песок со што и атмосферата ќе биде значително заматена. Исто така особено од среда температурите на воздухот ќе бележат тенденција на голем пораст со што насекаде ќе се искачат над 20 степени додека пак во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури и до околу 30 степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Сепак како што веќе најавивме во текот на утрешната вечер и ноќ како и во вторник на повеќе места ќе има врнежи од дожд додека исто така и во текот на следната недела, иако покрај големото затоплување и силното југозападно струење особено во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност и услови за поинтензивни атмосферски процеси.

БИОМЕТЕО: Со оглед на тоа дека сме пред изразено топол бран и силно југозападно струење како и поради извршувањето на транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава биометеоролошките услови ќе бидат значително неповолни па така можни се значителни мачнини особхено кај метеопатите. Исто така оваа ситуација ќе услови и појава на спарина па така температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки одм реално измерените.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно