Кој ќе го замени Адам Лабунски во „Ѕвездите на Гранд“?

Откако беше објавено дека  македонскиот натпреварувач од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Адам Лабунски, е дисквалификуван од шоуто, а тоа го соопшти неговата менторка, пејачката Марија Шерифовиќ, сега е веќе познато и кој ќе го замени.

Српската музичка ѕвезда на својот Инсатаграм профил откри дека одлуката била на продукцијата, и дека на местото на Адам ќе се вратат какдидати кои тоа го заслужуваат.

Имено,станува збор за  Минел Спановиќ, а освен него Марија ќе му даде златен глас на Армин Јусуфовиќ  за да се врати во шоуто.

Коментари

Популарно