Ќе се обновува „Патот на свилата“ - проектот ќе тежи 64 милијарди долари

Денеска завршува кинескиот форум „Еден појас, еден пат“со потпишани договори вредни 64 милијарди долари. Кинескиот претседател Си Џинпинг во својот завршен говор на форумот истакна дека во сите проекти на соработката во рамки на „Појас и пат“ ќе бидат применети пазарни принципи.

„Појас и пат“ е актуелен кинески надворешно политички приоритет кој има за цел повторно да го открие античкиот „Пат на свилата“ за поврзување на Азија со Европа и Африка преку големи инвестиции во поморски, патни и железнички проекти.

На собирот меѓу главните гости беа рускиот претседател Владимир Путин, пакистанскиот премиер Имран Кан и италијанскиот премиер Џузепе Конте, чија земја стана првата членка на Г7која влезе во иницијативата „Појас и пат“

Коментари

Популарно