Заев ги стави Меркел-Макрон-Трамп на гласачкото ливче!

Последен ден од капмањата за избор на претседател на државата во исчекување на конечен одговор во недела за тоа кој ќе седне во вилата на Водно. Иако, не пишував на темава меѓу двата изборни круга и двете кампањи ги следам доволно за да го споделам со вас моето мислење на темата.

Најпрво, кратка анализа на првиот круг. Излезност, над границата на цензус потребан во вториот круг, што споредено со изминатити избори за претседател на Македонија, значи сигурно исполнет цензус во недела. СДСМ и ДПМНЕ, јавно повикаа на масовно гласање, дури и Река ги замоли своите гласачи од првиот круг да гласаат по свој избор во вториот. Математиката може да ја расипе само ДУИ, со евентуален тивок бојкот, со цел Талат Џафери да биде вд претседател. Таа варијанта, според моето мислење е малку реална, па со 95% сигурност тврдам дека цензус ќе има. Со ова, немам никаква намера да влијаам на било кого во обид да го разубедам дека треба да се гласа.Секогаш јавно сум пишувал, дека изборот при гласање започнува со тоа дали воопшто ќе гласате. Така и сега, секој што мисли дека повеќе ќе постигне со бојкот, нека бојкотира. Тој што мисли дека на маса има кандидат кој го заслужува неговиот глас, нека повели на гласање во недела.

Пред изборниот прв круг пишував за тоа што ќе добиеме ако избереме еден од, тогаш тројцата кандидати. Денеска тексот ќе го посветам на разликата во кампањите во првиот и вториот круг. Што се смени?

Силјановска

Професорката продолжи со својата кампања речиси исто, како и во првиот круг. Владеење на правото подеднакво за сите, но овој пат „мораше“ да ги посочува и различните етнички групи во Македонија, откако во првиот круг и беше посочено дека Албанците бараат  посебен дел во нејзината програма. Каде тоа се тие споменати? Грешката на професорката е во тоа што не разбрала дека добар дел од македонското општество не разбира точно што значи „Правда за сите“, ако тие „сите“ не се набројани под етничка, религиска, полова ...основа. Затоа, помеѓу двата круга реши дека одвреме, навреме ќе треба да кажува дека „сите“ се однесува на Македонците, Албанците, Србите, Бошњаците, Ромите... итн. Сето ова секако моќе да донесе и негативни поени, затоа што може да биде протолкувано како додворување до гласачите кои во првиот круг гласаа за Река. Останиот дел од нејзините обраќања и ветување, се идентични како и во првиот круг. Остана доследна на тоа дека нема да рече „Северна“, дека правно и политички ќе се бори за менување или рушење на „Преспанскиот договор“, нема да потпише противуставни закони, без разлика кој ги гласал или предложил во собранието.

Пендаровски

Во случајот на кандидатот на СДСМ и ДУИ, разликата е многу поголема по неочекуваниот мал број на гласови во првиот круг. Да, Пендаровски победи со 4.000 гласа разлика, но разочараноста од бројот на освоени гласови беше очигледна уште при броењето. Токму затоа, уште следниот ден СДСМ ја смени тактиката во изборната кампања. Сфатија Заев и Пендаровски дека во вториот круг не смеат да одат со кампања за сработеното на владата во овие 2-3 години, затоа што ништо не сработеле. Сфатија дека не смеат да одат со кампања, колку е добар нивниот кандидат, затоа што не е. Сфатија дека за да водиш позитивна кампања, треба да зад себе да имаш позитивни дела, а тие немаат, па се фрлија на негативна кампања и празни ветувања. Најпрво се појави метлата на Заев, но... чистењето секако по избори. Додуша, пробаа да зачистат и некој пикавец по скопските улици, заедно со кметот Шилегов, ама он мораше за Барса да си гледа фудбал. Веќе навикнавме да слушаме ветувања од премиерот пред избори. Јасно ни е дека човекот се ќе каже, се ќе излаже. Уште еден доказ за тоа е антикорупциска, од каде веднаш се појавија неколку заклучоци за непотизам во редовите на СДСМ, но одговорност НЕМАШЕ. Да, неколку од нив се повлекоа од позициите, но одговорност за стореното дело НЕМА! Нема ни да има. Престана Заев да се фали со „економското чудо“ што го предизвикале во минатата година, затоа што виде дека народот не му верува, па место тоа реши да го увезе Груевски во кампањата. „Глас за Силјановкса, значи враќање на Груевски во Македонија“!!! Како тоа? Како тоа Груевски ќе се врати? Претседателот нема моќ, НИКАКВА моќ да го заштити Груевски, дури и да сака, а Силјановска нема таква желба! Значи, апсолутна лага, Баба Рога, тоа е стратегијата на Зоки и Стево. Пендаровски ја продолжи негативната кампања со тоа што неколку пати ја набеди Силјановска дека таа му била советник на Иванов и дека можно е да го советувала да ги аболицира обвинетите од СЈО! Не знам што е тука „појако“, тоа што Стево се повика на тоа од „пишува во новините“ или тоа што тој секако знае дека Силјановска никогаш не му била советник на Иванов? Пазете, ликов сака да биде претседател, а намерно и свесно лаже! Дури и од кога Силјановска му одговори директно дека никогаш не соработувала со претседателот Иванов и дека јавно има кажано и повторува дека аболицијата била противзаконска, тој упорно си го повторува тоа! Нереален ми е ликот. Лажеше и во студио дека не рекол „стока“, а има видео докази. Чудо едно! Во сета нивна негативна кампања и безосновано оцрнување на Силјановска (или барем обид), во неможност да се понуди реална приказ за сработеото или капацитетот за нешто да се сработи, тежок удар им нанесе ЕУ во Берлин. Да, знам дека Заев потоа лажеше дека на билатерлните средби со Меркел и Макрон, му бил ветен датум за преговори, но секако од тие средби такви официјални изјави НЕМА, како што немаше ни лани! Единставената официјална изјава на темата од Меркел и Макрон е дека Македонија ќе треба да работи за да добие датум во иднина. Значи, не е сработено, а кога ќе сработите ќе разговараме. НЕ ЈУНИ, НЕ ЛАНИ во ЈУНИ, НЕ СЕПМТЕВРИ... НЕ! Датум НЕМА! Не заради името, не (само)заради Груевски, не заради Силјановска, НЕ! Датум нема заради Заев и сите околу него! Затоа што ништо не е сработено, освен продажбата на името и идентиетот. Точно, ЕУ го пофали договорот од Преспа и секогаш ќе го фали, затоа што ЕУ ништо не губи од тој договор, а решава еден проблем! Ние тука губиме, а преговори не добиваме! Смешно ми е како Заев втор пат со иста лага се обидува да ја престави ЕУ како некое локално гранапче. Као, остајте официјални изјави, мене Меркел ми кажа на само, ко шо лани ми прати порака у авион! ЕУ знаете така работи,  на „шуш буш“ у четири очи или по порачиња! Сироти и Меркел и Макрон и цела ЕУ што си имаат работа со нашево премиерче! Зоки дури и на гласачко ливче ги стави:

„Ова лето имаме препорака за почеток на преговори, затоа што вие заслуживте почитувани граѓан За кого ќе гласаме, за триото Силјановска – Мицкоски – Груевски, или за триото Меркел-Макрон-Трамп кои стојат зад нас“

Ма не, ова нема крај. Сепак ќе морам да ја завршам колумнава, нема смисла да читате 20 минути.

На кратко моето мислење.

Бојкот: вд Џафери и менување на устав за избор на претседател во Собрание.

Силјановска: Независен претседател, пред кого уставот и законите се над сите. Можни предвремени парламентарни избори и Заев во политичка пензија.

Пендаровски: Заев со комплетна власт во Македонија. Не дај Боже!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно