На ред е „Голема Албанија“

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ предупредува дека е во тек процесот на формирање на Голема Албанија и тоа пред очите на Европската унија.

Дачиќ нагласува дека веќе не е збор за отворање на Пандорината кутија бидејќи таа е веќе отворена со признавањето на Косово и нарушувањето на принципот на непроменливост на границите.

Ова е промоција на „Голема Албанија на кога никој не реагира.Каде се сите кои ја критикуваа Србија поради некоја идеја за разграничување. Ние немаме тајни туку јавен план, а тоа е непризнавање на едностраната независност на Косово – оценува Дачиќ.

Коментари

Популарно