Што му порача Дац на Павле?

Преку својот ФБ профил актерот Драган Спасов – Дац  побара оставка од пратеникот Павле Богоевски после неговото признание дека набавувал масло од канабис, што беше објавено на најновата бомба на „Илија Громовник“.

– Очекувам оставка од Павле Богоевски и прес конференција на Миле Бошњаковски!

Како што е ред, нели – напиша Дац.

Снимката се појави вчера на руската мрежа „Вконтакте“. Профилот „Илија Громовник“ кој ја објави снимката на социјалните мрежи тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин.

Богоевски потврди дека тоа е неговиот глас, но вели дека не нарачувал кокаин туку масло од канабис.

Коментари

Популарно