Не издржа: По објавената снимка, си поднесе оставка!

Австрискиот вицеканцелар, Хајнц-Кристиан Штрахе, поднесе оставка од оваа функција по објавувањето на тајната видео-снимка на која се гледа како тој во Ибица, во Шпанија, ѝ нуди владини работи на руска добротворка во замена за фиансиска поддршка за неговата партија.

„Ја поднесов мојата оставка како заменик-канцелар на Австрија на канцеларот Себастијан Курц и тој ја прифати оваа одлука”, рече Штрахе и додаде дека не ги крши законите и признава дека тоа е исклучително засрамувачка, пијана афера.

Штрахе претходно имаше куса средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц, а утре ќе поднесе оставка и од местото претседател на партијата која ја раководи.

Коментари

Популарно