Дали Македонците во Австралија и Америка можеа да гласаат за Тамара?

Резултатите од телефонското гласање на финалната вечер на Евровизија отворија вистинска „војна“ на социјалните мрежи околу тоа дали успехот на Тамара Тодевска ќе беше комплетен доколку нашите од дијаспората гласале – во поголем број – за нашиот претставник.

Од листингот кој излезе по гласањето се виде дека освен во Србија и Словенија, Македонците во останатите Европски држави биле малку заинтересирани да го поддржат нашиот претставник.

Истовремено по социјалните мрежи се развија дијалози и дилеми зошто нема ниту еден глас од нашинците во Австралија, Америка, Канада.

Многу едноставно. Ова е Евросонг и граѓаните на овие држави немаа право на глас.

Иако Австралија учествуваше како гостин, сепак, немаше стручно жири кое се јави од оваа држава за да даде гласови за останатите земји. Слично е и со телефонско гласање, кое таму го немаше.

Австралија на Евровизија настапува како гостин, па дури и да победеше, следниот Евросонг немаше да се одржува во оваа прекуокеанска земја, туку во некоја од Европските.

Коментари

Популарно