ФОТО: Антониа Гиговска после Евровизија директно замина на својата матура

Поп пејачката Антониа Гиговска, која беше дел од придружните вокали на Тамара Тодевска на Евросонг 2019, вчера славеше матура.

Вчера наутро, речиси право од евровизиската сцена, таа заминала на аеродром помеѓу првите, со цел на време да пристигне дома за да се подготви за матурската забава.

Токму поради тоа Гиговска не слета на аеродромот во Скопје заедно со Тамара и останатите од нашата делегација, бидејќи заминала назад од Тел Авив со првиот авион.

Погледнете како младата пејачка изгледаше на својата матура:

Коментари

Популарно