Доживотен затвор за силувачите и убијците на деца

Собранието на Република Србија ги усвои измените во Кривичниот закон со кој се предвидува доживотен затвор за тешко убиство, силување, обљуба на малолетно лице, трудница и немоќни лица, што беше предлог на фондацијата „Тијана Јуриќ“.

Освен владеачкото мнозинство „Законот на Тијана“ со гласови го поддржаа и радикалите, пратениците на Лигата на социјалдемократи на Војводина и уште двајца пратеници од опозицијата.

Со иницијативата на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ предвидено е судот да не може да ослободи осуденик за кривични дела одредени со таа иницијатива, за оние кои се осудени заради убиство на деца, трудници и немоќни лица.

Иницијативата е формирана во чест на Тијана Јуриќ, која што беше киднапирана и убиена на 26 јули 2014 година на 15-годишна возраст.

Коментари

Популарно