ХОРОСКОП: За што сонуваат зодијачките знаци?

Ако некаде нашиот мозок е слободен тогаш тоа е земјата на сонот. Никој не може да ни ја наметнува својата волја, да нè осудува или обвинува за она што го сонуваме, но ниту пак може да знае што се случува кога ќе ги затвориме очите и ќе се препуштиме на сонот.

Ние ги чуваме нашите сонови во нашата голема тврдина која ја претставува нашиот мозок. Во зависност од тоа на кој хороскопски знак припаѓаме, сонуваме различно и соништа кои се специфични за нашиот знак.

Еве за што сонува секој хороскопски знак поединечно:

Овен

Тој сонува за насилство, за тоа дека е убиен или дека е присилен да изврши самоубиство. Со будна состојба тој сонува за победа во некоја кавга, достигнување на успех и да стане познат во тоа што го работи.

Бик

Ги сонува деловите на телото, хорори и повторно раѓање. На јаве сонува за многу пари и добар живот без оглед на тоа како ќе стигне до него.

Близнаци

Со затворени очи сонува за болката, а со отворени за патувања и да се ослободи од работите кои го врзуват за едно место.

Рак

Во сонот ја гледа совршената љубов и скршеното срце. На јаве сака да биде во центарот на вниманието.

Лав

Сонува за светска доминантност и светла од рефлектори, додека пак во реалниот живот нивните соништа се многу подалеку од рамката и бараат многу играчи.

Девица

Сонува за отказ, напуштање, исклучување... Во реалноста сонува за патувања, крстарење на вода и сè што се продолжува без страв од крај.

Вага

Има многу вистински соништа кои се хорор, страв и фантазија. Во вистинскиот живот нејзините соништа се далеку од драматични.

Скорпија

Таа сонува за губење на контролата, паника и хаос. На јаве замислува како станува, заминува до продавница и купува сок.

Јарец

Навечер Јарецот сонува за работата која го очекува. Наредниот ден на работа сонува за работата која го чека утре. Јарецот сонува за работата дури и кога е на работа.

Водолија

Таа сонува за секс, а на јаве сонува за тоа кaко не сака да има секс. Воглавно се сонуваат самите себе како водат љубов со некој кој не е нивни партнер.

Риби

Во длабок сон, Рибите сонуваат за семејство. Кога се будни размислуваат за тоа како другите семејства се многу подобри од нивното и како и тие да го постигнат тоа.

Коментари

Популарно