(ВИДЕО) Сани Гроздановска: „Аца Лукас го освоив со мојот глас“

Сања Сани Гроздановска моментално е една од најангажираните пејачки, па настапува од понеделник до понеделник во скопски кафеани, а за бекстејџ се огласи по шпекулациите дека го освоила Аца Лукас.

- „Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше“ вели Гроздановска и додава:

- „Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ вели пејачката за Бекстејџ.

Коментари

Популарно