Пијте кафе за да не се дебелеете..

Според Дејли мејл” кафето може да се покаже многу важно во борбата со дебелината, бидејќи содржи кофеин кој помага за согорување на калориите, како и тоа го зголемува ослободувањето на хормонот окситоцин.

Овој хормон го регулира апетитот и метаболизмот и ја олеснува борбата со килограмите.

Кинески научници направија експерименти со глувци и открија дека кофеинот го потиснува апетитот и ги стимулира да се поактивни и да трчаат повеќе. Користените дози сепак се многу високи – 60 mg / kg (еднакви на од 24 до 36 чаши кафе за човек).

Кофеинот ги блокира аденозиновите рецептори во хипоталамусот. Тоа е централниот регулатор на енергетскиот баланс кај цицачите. Кај глувците тоа води до ослободување на окситоцин, кој ја намалува дебелината.

Научниците од Универзитетот во Хуачжун се надеваат дека откритието ќе им да послужи за создавање на таблета за слабеење на базата на кофеин.

Одамна е познато дека кофеинот помага за слабеење. Механизмот со кој тој делува сепак беше непознат. Се смета дека кофеинот ја зголемува дневната потрошувачка на енергија за 5 проценти.

Коментари

Популарно