ОФИЦИЈАЛНО: КК Академија ФМП влезе во Првата кошаркарска лига

Кошаркарите на „Академија ФМП“ од Кисела Вода се пласираа во првата кошаркарската лига.

За влез во првата лига имаа за задача да го елиминираат прволигашот Шкупи кој оваа година немаа ниту една победа, па тоа не беше никаков проблем за кошаркарите на ФМП. Првиот натпревар го добија со резултат 94-67 и со тоа го обезбедија нивниот пласман во првата лига. Играч на натпреварот беше Бојан Стојаноски со постигнат 21 поен 10 скока и 4 асистенции. Додека вториот натпревар го добија со службени 0-20.

-После победата во првиот натпревар, во бараж двомечот за пласман во првата лига, против екипата на Шкупи со резултат 94-67 и неодигрувањето на возвратниот дуел, кој е регистриран со службен резултат од 0-20, се пласираме во првата лига на Македонија. Оваа победа доаѓа како круна на целокупниот труд вложен во текот на целата сезона, на сите кои што се дел од овој кошаркарски проект. Најпрво честитки до нашите играчи кои одлично ја изиграа целата сезона и одлично се справија со целиот притисок. Сите покажаа дека кошарката е начин на живот и дека екипата е една голема фамилија. Честитки до сите симпатизери на „Академија ФМП“ кои коректно го бодреа тимот во текот на целата сезона. Честитки и за целиот стручен штаб на чело со тренерот Игор Гацов – Гац, кој по втор пат во својата кариера, успева да однесе една екипа во првата лига (во минатото тоа го направи со екипата на Амак СП). И на крајот да не заборавиме да им честитаме на сите луѓе кои се вклучени во овој проект и напорно работат за тој да опстои долги години. Огромна благодарност и до нашите соработници. Благодарност на Општина Кисела Вода – изјавија од ФМП Академија.

Коментари

Популарно