Тој го изгуби животот пред настап

Американскиот рапер Tre Da Kid беше најден мртов во неговиот автомобил само еден час пред  да одржи концерт во Анаполис.

32-годишниот рапер беше на пат да се појави во еден од клубовите  кога тој беше застрелан од огнено оружје, по што тој починал од повредата на самото место.

Според извештајот, полицијата  добила повик во вечерните часови во кој  било пријавено  пукање и скршено возило на патот. Досега немаше апсења или осомничени, и во тек е истрага. За секоја информација што може да доведе до сторителот на убиството, се нуди награда од 2000 долари, пишува Capital Gazette..

За бројот на луѓето  што го обожаваа, исто така сведочи и фактот што многумина бараат според него да се именува улицата во која тој бил убиен.

" Кога се сомневавме во себеси, тој ќе нѐ потсетеше дека треба да имаме доверба ", рече неговиот пријател, додавајќи дека Tre Da Kid беше првенствено посветен татко на својот син,  на кого секој ден  му помогаше во  домашната задача и заклучи дека сите го сметаа него  за татко на годината.

Коментари

Популарно