На друштвените мрежи Тијана Дапчевиќ често споделува фотографии како од работниот, така и од приватниот живот. Нејзиниот син Вук е одличен ученик, а неговите успеси и Тијана ги споделува на својот инстаграм-профил.
Вук очигледно тргнал по стапките на мајка му и почнал да учи да свири клавир.
„Испитот од клавир положен! Петка како куќа“, напишала Тијана под фотографијата што ја објавила со него и додала колку се гордее со својот син.