Еден од починатите кај Пинтија имал 16 казни за брзо возење

Дваесет и едногодишно момче и 48-годишен маж загинаа во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Несреќата, како што информира МВР, се случила околу 22 часот при судир на две возила „голф“ и „пежо“. На самото место загинаа 21-годишниот Ш.С. од село Батинци и 48-годишниот З.Ѓ. од Драчево.

На булеварот „Борис Трајковски“ од почетокот на годинава до мај биле изречени 369 казни за брзо возење, а еден од учесниците во вчерашната несреќа заработил дури 16 казни од јануари оваа година, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Коментари

Популарно