Тажна вест: Почина Слободан Вујчиќ – Брацо

Денеска во Скопје, на 70-годишна возраст почина Слободан Вујчиќ – Брацо, пријателот на македонскиот спорт. Тој ќе биде запаметен како помагател, финансиер на голем број наши клубови во изминатите 20 и повеќе години.

Да се потсетиме само дека беше спонзор на Вардар во времето кога овој клуб во 2003 година имаше големи успеси во Европа. Потоа беше „врзан“ со Цементарница, Македонија ЃП, кусо време беше дел од Работнички, Тетекс, Слога Ј, Еуромилк, Локомотива и др. Како претставник на УФА МЕДИА, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5, тој ги застапуваше ТВ правата на гочем број наши клубови. Голем хуманитарец, пријател на нашата држава која ја чувстуваше како своја.

Коментари

Популарно