Половина кладилници и казина во Македонија ги чека „клуч“

Голем дел од кладилниците во Скопје и Македонија ќе мора да бидат затворени или дислоцирани од местата на кои сега се наоѓаат. Според предлог законот на Собранието, обложувалницте ќе треба да бидат дислоцирани на најмалку 500 метри од училиштата. За ова ќе треба да расправаат членовите на комисијата за финансирање и буџет наредната недела. 

Игрите на среќа не треба да бидат достапни на децата, но и покрај одредбите дека на малолетни лица им е забрането влез во казина и обложувалници, тоа се уште се случува. 

Неодамна слични вакви закони беа усвоени во Албанија и Косово.

Коментари

Популарно