Силуваната тинејџерка си го одзеде животот со законска евтаназија

По долгогодишна борба со депресијата и менталното заболување, 17 -годишна тинејџерка од Холандија која била жртва на сексуална злоупотреба, си го одзеде животот со помош на државната програма за евтаназија, пренесува РТ.

Тинејџерката Ноа Потовен си го одзеде животот во својот дом во Арнхем во неделата со помош на клиниката за евтаназија.

Аистираното самоубиство е легално во земјата од 2001 година, за кое е потребно одобрение од лекар кој мора да заклучи дека болката на пациентот е неиздржлива.

На денот пред нејзината смрт, Потовен ја сподели својата одлука со повеќе од 10.000 следбеници на Инстаграм.

-Во рок од 10 дена ќе умрам, напиша таа и додаде: По неколку години борба се е готово. Јас веќе престанав да јадам и пијам некое време, а по многу разговори и критики беше одлучено да ме „ослободат“ бидејќи моето страдање е неподносливо. Завршено е.

Потовен пишуваше за својата битка со депресија во наградената автобиографија. Во книгата, тинејџерката детално ги опишува искуствата со сексуална злоупотреба и силување, поради кои таа со години се криела од срам.

Коментари

Популарно