ВИДЕО: Македонец даде гол против албански клуб и ги полуде противничките фанови

Алтона меџик го победи Данденонг тандер со неверојатен пресврт со 3-2 во првенството на државата Викторија во Австралија. 

Стрелец на победничкиот гол за тимот кој е формиран од македонски иселеници беше Роберт Стамболџиев. Ова не им се допадна на навивачите на противничката екипа, која е формирана од Албанци од Косово. Обезбедувањето мораше да ги смирува збеснатите навивачи на Данденонг тандер кои предизвикаа инцидент на стадионот.

Алтона меџик има прекар „Вардар“ по македонската фудбалска гордост, а и поради тоа носи црвено-црни дресови.

Коментари

Популарно