Орканскиот ветер креваше покриви и уриваше бандери – доаѓа ново НЕВРЕМЕ

Попладнево Струга и околината беше зафатена од исклучително нестабилна и влажна воздушна маса која услови силно невреме проследено со пороен дожд, силни електрични празнења, оркански ветер а локално е регистрирана и појава на град, според последните информации силното невреме направи бројни штети низ градот, орканскиот ветер креваше покриви и уриваше бандери, покрај ова има и оштетени автомобили но за среќа нема повредени граѓани во текот на ова силно невреме кое ја зафати Струга. Исто така силно невреме попладнево зафати поголем дел од државава, појава на град имаше и во Струмица, Кавадарци, Дебар  и Демир Хисар а понатаму продолжува нестабилното време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер кога е можно и ново локално НЕВРЕМЕ со град  и силен ветер.

И во текот на следните денови ќе бидеме под влијание на исклучително нестабилна и влажна воздушна маса која на повеќе места ќе услови пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и локална појава на град. На граѓаните им се препорачува во случај на појава на електрични пранзења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на оркански ветер да се внимава каде и како се движи, исто така автомобилите да се ставаат понастрана од дрвјата.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно