ФОТО: Гоце на пикник со пријатели пред кобниот пат кон Баница

Една ретка фотографија е објавена на социјалните мрежи, за која се тврди дека всушност е и последната фотографија на македонскиот апостол Гоце Делчев.

Фотографијата, како што се тврди, е од пикник со пријатели пред кобното тргнување на Делчев на пат кон Баница, серско, каде што загина на 4 мај 1903 година.

На фотографијата, како што може да се види, има повеќе лица од повеќе генерации, односно мажи, жени и деца на приватна забава.

Сепак, прашање е дали е ова фотографија пред тргнувањето на Гоце кон Баница, бидејќи кон селото тој тргнал од Солун по неуспешната средба со Даме Груев (април, Велигден 1903) и брзал кон Пирин каде требало да го пречека Јане Сандански за да го организираат Серскиот конгрес на кој би била донесена конечна одлука за Илинденското востание во тој крај. А кон Солун тргнал по акцијата во Анџиста во март и обиколката на други места, па прашање е дали воопшто во тие месеци имал време за вакви релексирани одмори. Уште повеќе што во Слун се случиле атенатите, па сосема е извесно дека Гоце, во тоа општа мобилизација на турските сили, не би си дозволил фотографирање со кое би ги довел во опасност пријателите.

Оваа фотографија повеќе личи дека е направена при некој од посета на локален чорбаџија (од непознато место), што Гоце обично го правел со цел да издејстува повеќе пари за организацијата. Слична фотографија се појави пред повеќе од десетина години, за која се покажа дека е снимена во Прилеп но тогаш спорни беа некои нејзини елементи. Според облеката, не станува збор за летни месеци, но од друга страна, потребата да се разладат во вода јасно зборува дека е некој преод меѓу пролетно и летно или есенско и летно време. Од друга страна, можеби оваа претпоставка е грешна, бдејќи возрасните секако се облекле свечано за фотографирањето, а како што можете да забележите, девојчето најблиску на сликата е со кратки ракави, па можно е да станува збор за некој летен месец.

Така што, фотографијата веројатно потекнува од 1902 година и е снимена во близина на населеното место, бидејќи, иако пределот личи на дива шума, сепак, техниката во тоа време била таква што тешко било да се организира нејзино подалечно пренесување. Уште повеќе што на оваа фотографија има и жени и деца. А ако е од 1902 година, лето, тогаш сосема извесно не е и последна.

Коментари

Популарно