ФОТО: Убавата турска актерка застана на лудиот камен

Убавата актерка од „Забранета љубов“ и поранешна мис на Турција, Амине Гулше, во петокот застана на лудиот камен. Таа се омажи за турскиот фудбалер Месут Озил.

Турската актерка за оваа посебна пригода носеше раскошен фустан, а со нејзиниот партнер направија традиционална свадба и ги испочитуваа сите турски обичаи.

Од своите гости побараа да не им носат скапоцени подароци, а парите што требале да им ги дадат како подарок, всушност ќе бидат уплатени за хуманитарни цели во фондација за лечење на болни деца од целиот свет.

Погледнете како изгледаа младенците:

Коментари

Популарно