ФОТО: Пријовиќ во целосно проѕирен фустан го покажа виткото тело

Една од најпопуларните млади пејачки во Србија, Александра Пријовиќ, се врати на естрадното небо многу брзо откако на свет го донесе својот син Александар.

Таа со песната „Непоновљиво“ ја освои публиката, а сега посготви ново иненадување –синглот „Богата сиротиња“.

Александра вчеравечер во  финалето на „Ѕвездите на Гранд“ премиерно ја изведе оваа песна, а за таа прилика избра провокативна комбинација. Пејачката се појави во целосно транспарентен фустан во кој ја покажа витката линија.

Коментари

Популарно