ВИДЕО: Американец снимил симнување на Исус од Небото а нашол доказ дека не е дрон или НЛО!

„Живеам во близина на аеродромот, тука ништо не смее да лета…“

Луѓето сешто знаеле да видуваат на небото и на тоа после да му даваат чудно значење. Необични облици и необични движења на истите обично би ги асоцирало на НЛО и вонземјани, а оние поприсебните – кои не би биле премногу возбудени од тоа што би го виделе – сето тоа би го снимиле и поттикнале дискусија, барем на социјалните мрежи!

Во соседството не  нашол балони

Нешто слично со својата снимка покренал и Пабло Моралес од Бурбанк, Калифорнија. Пабло снимил сенка – или објект, квалитетот не е баш најдобар – во облик на човек кој се симнува од небото, а првата реакција му била да се запраша „дали е тоа можеби исус?“

‘Сенката’ ја следел како се спушта кон тлото, се додека не исчезнала зад покривите на блиските куќи. Тогаш се прибрал, па заклучил дека станува збор за балони, но го истражил соседството и дошол до заклучок дека тука никакви балони не летале.

Исус се спуштал во близина на аеродромот

Работите станале уште поинтересни кога се објавило дека Моралес со своето семејство живее во близина на аеродром. Тоа ја исклучило можноста дека станува збор за дрон, со оглед на тоа дека во тоа подрачје е забрането летањето.

Бидејќи некои пророци го најавиле доаѓањето на крајот на светот, приказната би можела да биде добра за сите катастрофичари кои го чекаат судниот ден.

За мноштвото, секако сето ова била добра забава, а многумина се забавувале – видеото имало солидна гледаност. Само преку овој канал на Јутјуб снимката е прегледана околу милион пати, а многу од гледачите убаво се пошегувале со Моралес и неговиот заклучок.


Коментари

Популарно