На баба Ванѓа и се слошило

Кога би била жива, денес принцезата Дајана би имала 58 години.

Неполн месец откако наполнила 19 госини таа се омажила за принцот Чарлс во Лондон.

Венчавката ја следеле неверојатни 750 милиони луѓе, се пренесувала во 74 земји.

Меѓутоа баба Ванѓа која била илјадници километри одалечена од неа имала орничава визија и рекла „Оваа венчавка ќе ја убие“ па и се слошило и паднала.

За време на венчавката и Дајана и Чарлс биле нервозни, па ги згрешиле заветите.Многумина тоа го сметаа за лош знак, што на крајот се воспостави како точно.

„По две недели Чарлс и Дајана изгледаа како да се скарани. За првпат откако работам за принцот не морав наутро да го будам“, посведочил собарот на Чарлс.

А потоа сè почнало да се руши како кула од карти.

Дајана секогаш и на секој чекор била под будното око на новинарите и фоторепортерите. Таблоидите со фотографија од принцезата на насловната страница секојдневно рушеле рекорди на продажба. Ваквите фотографии вределе богатство. По разводот од Чарлс поради неверство, исчезнале љубовта и почитта. Бајката се претворила во кошмар.

Принцот Чарлс набрзо по венчавката ја продолжил врската со поранешната љубов Камила Паркер, со која  се оженил по смртта на Дајана. Чарлс и Дајана од 1992 година живееле одвоено, а се развеле во 1996 година. По разводот на векот, Британиците симпатиите најмногу ги насочиле кон саканата принцеза.

„Ги минувам најужасните денови во мојот живот. Сè можеше да ми се случи. На пример да ми се расипат сопирачките, да ми се случи некаква несреќа или смрт“, напишала Дајана.

По нејзината смрт, се појавија низа теории на заговор.

„Дајана ја убиле за кралското семејство да биде поштедено од срамот што несомнено би следел по венчавката за муслиман“, е една од нив.

Ванѓа и покрај тоа што не можела да ја погоди временската рамка на одигрување на настанот, сепак претчувствувала дека две значајни жени ќе го напуштат светот истовремено, таа и  Дајана.

„Таа ќе слушне за мојата смрт, но ќе умреме заедно“, заклучила Ванѓа, која починала година дена пред принцезата.

Коментари

Популарно