ВИДЕО: Колинда запеа во радио-емисија

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во интервју на Хрватското католичко радио ја запеа својата најдрага духовна песна.

По освртот на темите за реконструкцијата на хрватската Влада, образованието, Црквата и политичките состојби во земјата, Грабар-Китаровиќ се префрли и на полесните теми.

Имено, таа откри дека нејзината омилена верска песна е „Христос на брегот”, по што отпеа дел од стиховите. Пред да запее ги предупредила водителите дека слушаат на нивна одговорност.Делот со нејзиниот перформанс проследете го од 58 минута и 30 секунди.

Инаку хрватската претседателка стана вистински хит во светот за време на СП 2018 во Русија каде буквално на секој натпревар доминираше и ги бодреше своите фудбалери, за да на крајот во финалето на дождот го слави второто место.

Коментари

Популарно