ВИДЕО: Што се случува со Меркел?

Германската канцеларка Ангела Меркле повторно е во центарот на вниманието затоа што повторно неконтролирано трепереше за време на примето на финскиот премиер Анти Рине во Берлин.

Канцеларката почнала да се тресе додека ја следела почесната стража во чест на доаѓањето на премиерот на Финска.

Меркел два пати во изминатите недели е забележана како неконтролирано се тресе. Првпат тоа се случи на 18. јуни додека го дочекуваше новозибраниот украински претседател Владимир Зеленски.

Меркел тогаш ги смируваше загрижените дека тоа било предизвикано од дехидрација.

Втор пат тоа се случило на 27. јуни кога присуствувале на официјалната церемонија во Берлин.

Коментари

Популарно