Хрватскиот пејач „ доби филм“

Оливер Драгојевиќ беше еден од најдобрите пеачи  на забавна музука во поранешна Југославија. Прв естрадни настап му бил детскиот фестивал во Сплит 1961 година со популарната песничка Балони. Истовремено со братот Аљоша снима тогаш познати светски хитови за радиостаницата Сплит. Веќе во 1963 се здобива со голем успех како пејач и клавијатурист на култниот сплитски бенд Батали. На натпреварот аматери пејачи од Хрватска, освојува прво место пеејќи. Најпознати негови песни се: Галеб и ја (1975), Скалинада (1976), Малинконија (1977), Опрости ми папе (1978), Молитва за Магдалену (1978), Вјеруј у љубав (1979), Надалина (дует со Борис Дворник од 1980), Кароца (1982), Моје прво пијанство (1983), Свирајте ноћас за моју душу (1988), Што то бјеше љубав (1988), Нека се други радују (1990), Цесарица (1993)...

Годинава ќе биде прикажа документарниот филм за оваа музичката легенда  под наслов „Оливероовите 70“ – малата приказна за големиот музичар и неговиот последен концерт ќе биде премиерно прикажан на 21 јули, во пулската Арена, во рамки на 66-иот Филмски фестивал во Пула, а во пресрет на првата годишнина од смртта на истакнатиот хрватски музичар.

Филмот го режираа Бранко Дракулиќ и Леа Деклева, а направен е од материјалите снимени непосредно пред и во текот на славеничкиот концерт „ОЛИВЕРовите 70“ со Загрепската филхармонија.

Коментари

Популарно