Лејди Гага и Бредли Купер планираат раскошна венчавка

Не престануваат приказните за љубовната афера меѓу Лејди Гага и Бредли Купер.

Пред некое време во медиумите се појавија вести дека Ирина Шајк и Бредли Купер ја раскинале свршувачката, а Ирина се иселила од заедничкиот дом во Њујорк.

Како причина за нивно раскинување се наведува дека е Лејди Гага која наводно има нешто со Купер.

Во медиумите деновиве се шпекулира дека наводно Лејди Гага почнала да се вселува во домот на Купер во Њујорк кој вреди 13,5 милиони долари.

Сега кога заврши врската на Ирина, Гага нема да дозволи Купер да и избега. Дури внесе дел од нејзините работи од нејзиниот дом, изјави извор близок на парот за магазинот „In touch“.

Исто така се шпекулира дека парот планира и венчавка која ќе биде голема и раскошна.

Коментари

Популарно