Погледнете колку пари чини одмор во Албанија

Убавите песочни плажи во Валона, Албанија кои се преполни со туристи од целиот Балкан, а особено од Македонија нудат одлични услови на море и цени какви што посакувате.

Во Валона има убаво уредени плажи, ресторани кои нудат вкусна и свежа морска храна, неверојатни специјалитети од италијанската кујна.

Плажите особено се препознатливи по чистотата на морето.

Инаку Валона е гратче со стотина илјади жители, а до неа може да се стигне за околу 180-тина километри од граничниот премин Ќафасан. Патиштата постојано се обновуваат, а добар дел од делниците се автопатски.

Покрај тоа што може да се релаксирате на убавите песочни плажи, цените во угостителските објекти се одлични. Едно кафе чини околу 60 леки, односно 30-ина денари, колку што чини и обична или минерална вода.

Тука е некаде цената на освежителните безалкохолни пијалаци, додека пак пивото изнесува 50-ина до 60 денари, пренесе Центар.мк.

Појадок во хотел може да ве чини до 200 денари.

Една голема пица чини околу 240 денари, што е и повеќе од доволна за еден возрасен човек, додека пак сместувањето чини 35 до 40 евра за пристоен апартман во зависност од погледот кон морето.

Во еден апартман може да се сместат и повеќе од 4 лица, бидејќи добар дел од апартманите се опремени со посебен толает, кујна и дневна, како и спална соба и тераса.

Коментари

Популарно