Се приближува ново СТРАШНО НЕВРЕМЕ

Од денеска соседна Грција ќе биде на удар на ново СИЛНО НЕВРЕМЕ проследено со силни врнежи од дожд кој може да условат и поплавувања, сето ова ќе биде проследено со олуен ветер како и со силни  грмежи, локално ќе има и појава на град. Ова се однесува за најголем дел од Грција и тоа особено југозападна, јужна и централна Грција, количеството на воден талог за кратко време се очекува да надмине 50 л.м2. Поради ваквата ситуација исто така растат условите за нови поплави како што напоменавме погоре а исто така  има опасност и од нови штети понатаму па затоа на Македонските државјани кој планираат да патуваат кон соседна Грција тоа да не го правам во текот на утрешниот ден, нашите граѓани пак кој се наоѓаат токму во оваа соседна наша држава им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да ВНИМАВААТ.

Кај нас во Македонија исто така очекуваме нов бран врнежи, наинтензивни ќе бидат на југозапад и на југот од државава каде локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значителен пад и истите утре ќе бидат дури за околу 10 степени пониски од вообичаените за овој дел одгодината, истите ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 26 степени. Исто така локално во јужната половина како и на исток од државава ќе биде и нестабилно со појава на грмежи.

Се на се Македонија утрешниот ден ќе го помине во знакот како типично есенско време а не летно како што доликува.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Коментари

Популарно