Азманов: Боки 13 ме рекетираше со помош на Јанева, Кирацовски и Директорот на финансова полиција!

Бизнисменот Зоран Азманов уште еднаш јавно потврди дека Бојан Јовановски – Боки 13, го рекетирал.

Азманов уште во февруари го обвини Боки 13 за рекет, а сега во изјава за Фактор истото и го потврди. Бизнисменот кажа дека во телевизијата 1ТВ се најдени снимки со наводна компромитирачка содржина од негови приваатни разговори, но најдени се и за многу други бизнисмени. Во рекетот учетсвувале функционери на СДСМ и на претставници од власта.

– Рекетарството на Бојан Јовановски, викан Боки 13, кој ги злоупотребуваше врските со бившиот секретар на СДСМ, а воедно исто така беа злоупотребувани и други моќни фигури на власта како што Директорот на финансова полиција, Главната специјална обвинителка Катица Јанева, големиот директор за маркетинг – нејзиниот син кој вчера заврши факултет, а јас сето тоа го кажав пред 6 (шест) месеци и истото денес се потврди, каде што во неговата телевизија се најдени снимки со наводна компромитирачка содржина од мои приватни разговори, меѓу другото најдени се и за многу други бизнисмени со што се потврдува и моето тврдење дека институциите на државата – СЈО и Финансова полиција работеле во спрега со Боки 13 за мое рекетирање, а самата најава на Инсајдер Досие 03, каде сум претставен како Градежна мафија на квадрат, месец и половина пред да биде објавена емисијата, пред да ми се даде шанса да дадам било каков исказ и без да има било какви докази за било каква моја вмешаност на градежен бизнис со државата, ја покажува и докажува рекетарската намера на Боки 13 и неговата телевизија, кој во тоа време уживаше многу голема поддршка од луѓе во втор и трет ешалон од власта, а сега истите се разрешени. – изјави Азманов.

Тој тврди дека таквиот рекет Боки 13 не можел да го прави без помош на институциите и без блиски конекции со Јанева и со директорот на Финансова полиција.

Целиот текст можете да го причитатае на Фактор.мк

Коментари

Популарно