Конечно се враќа ВИСТИНСКОТО ЛЕТО

По влажната и нестабилна воздушна маса која ја зафати нашата држава и услови типични есенски температури на воздухот во срцето на летото, конечно во следниот период под влијание на значително потопла воздушна масаод југ ќе имаме и значителен пораст на температурите на воздухот, како на максималните така и на минималните и веќе за време на викендот но и на почетокот од следната недела максимумот на температурите повторно на повеќеместа ќе се искачи над 30 степен. Во централните и во југоисточните предели од државава истите се очекува да се искачат близу 40 степени.

Сепак од петок во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ ИНДЕКСОТ во текот на следните денови повторно ќе се искачи на ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува 11 што значи граѓаните доколку излегуваат на директен удар на штетното сончево здрачење да се заштитуваат, односно ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе даси понесат заштитна опрема, капа и наочари за сонце.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Коментари

Популарно