Рамиз Мерко: НЕ сакам да сакам да сум градоначалник на Струга

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако добил вербална закана по животот, денеска писмено соопшти дека се откажува од ингеренциите врз Општината и бара од Владата таа да го преземе раководењето со градот Струга.

Мерко потврди дека добил закана која ја пријавил во полиција, но за став околу писмото кое излезе во јавноста адресирано до премиерот Заев остана недостапен.

Во писмото Мерко го информира премиерот Заев дека со намера спроведување на Законите, сите надлежности на Општината за урбанистичко планирање градежни дозволи и давање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги предава на Владата. Ви писмото меѓу другото пишува дека ваквата одлука е резултат на последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа Општина.

Од МВР потврдиле дека има пријава за вербална закана кон градоначалникот на Струга, но случајот е веќе расчистен.

Претходно некои медиуми објавија за инцидентот

Граѓанин на Струга предпладнево влегол во просториите на општина Струга и се заканувал дека ќе ги убие градоначалникот Рамиз Мерко и уште еден општински функционер.

Очевидци тврдат дека атмосферата била застрашувачка затоа што не се знаело дали лицето било вооружено и во кој правец може да се развијат заканите.

Граѓанинот бил незадоволен од одлука на струшките локални власти.

Предходно барал да се промени одлука на општината но кога бил одбиен отишол и директно се заканил по животот на градоначалникот и уште еден вработен во градската администрација на Струга.

Коментари

Популарно