ФОТО: Цеца со длабоко деколте го полуди Прилеп

Вчеравечер во Прилеп се одржа „Пиво фест“ каде свое учество имаше и балканската мега ѕвезда Цеца.

Пејачката на својот настап во Прилеп пристигна директно од Кипар каде беше на својот заслужен одмор.

Публиката падна во транс откако таа ги запеа најголемите нејзини хитови, а особено машкиот дел од публиката остана без здив кога го виде нејзиниот изглед на сцената.

Имено таа беше облечена во црвено сако и пантолони, а сакото и беше закопчано само на едно копче покажувајќи го црниот градник, па фановите едноставно не може да се изнагледаат на ова нејзино прекрасно издание.

Пред да го започне вчерашниот концерт во Прилеп, кој беше дел од програмата на Пивофест, Балканската турбо фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ имаше кратка средба со медиумите.

Новинарите се интересираа како се чувствува во Прилеп, каде летувала, дали снима нови материјали, на што Ражнатовиќ љубезно одговараше.

На новинарско прашање како се чувствува како свекрва, со оглед на тоа што нејзиниот син Вељко неодамна се ожени, таа одговори со српската народна поговорка – Каде децата не се бесни и куќата не е тесна.

Коментари

Популарно