ВИДЕО: Силен земјотреса ја погоди Турција

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени по Рихтеровата скала беше регистриран денеска во југозападниот турски округ Денизли. Според локални медиуми, од земјотресот урнати се  објекти во кои имало луѓе.

Спасувачки тимови презеле операции при што успеале да извадат од урнатините неколку лица кои се хоспитализирани, јави НТВ.

Епицентарот на земјотресот што се случи во попладнево бил во реонот на градот Бозкурт. Потресот бил на длабочина од седум километри. Засега нема информации за загинати луѓе. Земјотрес беше регистриран денеска во округот Измир со интензитет од 4,8 по Рихтер.

Коментари

Популарно